logo
logo
logo

Уапсени возачи – штипјанец пијан, охриѓанка препијана

Vecer | 16.12.2025

Уапсени возачи – штипјанец пијан, охриѓанка препијана

Ноќеска кратко по полноќ, полицијата уапсила двајца возачи, поради возење „под дејство“.

Притоа, кај штипјанец била утврдена алкохолизираност, а охриѓанка имала извонредно високо количество алкохол во крвта за женско лице.

Ноќеска, отприлика еден час по полноќ, при сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип бил сопрен автомобил „сеат ибица“ со штипски таблички, при што е констатирано дека возачот Е.А.(40) од Штип има 2,06 промили алкохол во крвта. Исто така, во возилото е пронајдена и одземена марихуана.

Енормно количество на алкохол во крвта за женско лице имала и охриѓанка што ноќеска половина час по полноќ била сопрена на улицата „Партизанска“ во Охрид.

Проверките покажале дека А.З.(30) од Охрид, која управувала со автомобил „рено“ од охридски таблички, имала 2,59 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

The post Уапсени возачи – штипјанец пијан, охриѓанка препијана appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk