Тројца возачи се уапсени вчера и ноќеска поради пребрзо возење или возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.
На магистралниот Крива Паланка – Куманово, во селото Ранковце вчера во 9.20 часот бил уапсен Ч.С. (65) од Скопје. При контрола со радар е констатирано дека со автомобилот „пежо“ со скопски таблички возел со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 50 километри на час.
Вчера десет минути пред полноќ на ул. „Гоце Делчев“ во Велес бил уапсен велешанецот Г.Т.(49). Сообраќајните полицајци при вршење контрола сопреле автомобил „хјундаи“ со велешки таблички, по што „дрегерот“ покажал дека Г.Т. има 2,09 промили алкохол во крвта.
Ноќеска 40 минути по полноќ на ул. „Индустриска“ во Неготино бил уапсен А.А.(27) од кавадаречкото село Марена. Тој управувал автомобил „мерцедес“ со тетовски таблички, а откако го сопреле и направиле контрола за алкохолизираност, полицајците утврдиле дека има 1,99 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, нагласува МВР.
The post Уапсени пијани и „бесни“ возачи во Ранковце, Велес и Неготино appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата