logo
logo
logo

Уапсени Бугари со делови од стари носии, дел од културното наследство

Vecer | 10.12.2025

Уапсени Бугари со делови од стари носии, дел од културното наследство

Предмети и делови од стари народни носии за кои не можеле да го докажат потеклото, биле пронајдени кај тројца Бугари вчера во Демир Хисар. Бугарските државјани се уапсени под сомнение за „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

На улицата „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, вчера претпладне биле затекнати А.К.(44) и К.К.(48) во „фолксваген голф“ и В.Г.(50) во „пежо боксер“, со бугарски таблички. Во автомобилите биле пронајдени делови од народна носија за кои не можеле да да го докажат потеклото.

Предметите се прегледани од етнолог од Музеј Битола и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

The post Уапсени Бугари со делови од стари носии, дел од културното наследство appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk