logo
logo
logo

Невзат Бејта во трка за градоначалник на Гостивар – како кандидат на ВРЕДИ

Vecer | 11.12.2025

Невзат Бејта во трка за градоначалник на Гостивар – како кандидат на ВРЕДИ

Невзат Бејта официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Гостивар на повторените локални избори, со што ќе се обиде да го освои третиот мандат. Тој синоќа на својот Фејсбук-профил соопшти дека ќе биде кандидат поддржан од коалицијата Вреди.

„Почитувани граѓани на Гостивар, согласно резултатите од анкетите и по консултациите со лидерите на Вреди, беше одлучено кандидат на Вреди за овие избори во Гостивар да бидам јас. За официјализирање на оваа иницијатива, чија единствена цел е доброто на градот и граѓаните, утре во 12 часот ќе ја поднесеме кандидатурата до Општинската изборна комисија“, напиша Бејта.

Во пораката упати и покана до граѓаните да го придружат при поднесувањето на кандидатурата во малиот парк до општинската зграда.

Бејта има долга политичка кариера, во која двапати бил градоначалник на Гостивар (2005–2009 и 2013–2017). Бил и пратеник од редовите на ДУИ, потпретседател на партијата и министер за локална самоуправа. На локалните избори во 2021 година повторно беше кандидат на ДУИ, кога негов противкандидат беше Арбен Таравари.

Со објавата на Бејта, тој станува вториот официјален кандидат во трката за градоначалник на Гостивар, по Ваљбон Лимани, кој вчера ја поднесе својата кандидатура до ОИК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk