logo
logo
logo

Туфегџиќ за истрагата: Ако се суди според досегашниот тек, ТРЕБА ДА ИМАМЕ НАДЕЖ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ГИ СМЕНИМЕ РАБОТИТЕ

Vecer | 20.03.2025

Туфегџиќ за истрагата:  Ако се суди според досегашниот тек, ТРЕБА ДА ИМАМЕ НАДЕЖ ДЕКА КОНЕЧНО ЌЕ ГИ СМЕНИМЕ РАБОТИТЕ

Адвокатот и поранешен кривичен судија, Владимир Туфегџиќ вели дека ако се следи досегашниот тек на настаните треба да имаме надеж дека конечно ќе ги смениме работите.

Македонската полиција, обвинителството, истражните органи и судовите, со сите свои недостатоци, мани и критики, докажале во неколку наврати во минатото дека кога вистински сакаат и имаат одрешени раце, имаат професионален капацитет да бидат на нивото на задачата. Затоа, треба да им се овозможи без непотребни тензии, професионално согласно законот да си ја завршат работата.

Ова е професионална работа во која нема место за емоции, мора да се знае и умее да се потиснат емоциите бидејќи само на тој начин може да се размислува рационално и трезвено за да се донесат правилни одлуки.

Треба јасно да им се каже на луѓето дека оваа сложена постапка е процес во кој сите докази и вештачења мораат да бидат прибавени на законит начин, а за сето тоа е потребно време. Ако се суди според досегашниот тек на настаните треба да имаме надеж дека конечно ќе ги смениме работите и заслужува да имаме трпение бидејќи избор немаме

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk