logo
logo
logo

Нема преговори за размена на ресори: ЗНАМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД КУМАНОВО - ќе има свој кандидат за градоначалник

Vecer | 06.04.2025

Нема преговори за размена на ресори: ЗНАМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД КУМАНОВО - ќе има свој кандидат за градоначалник

По повод објавата на ТВ21 дека Максим Димитриевски е можен кандидат за министер за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ го добива Куманово, а ЗНАМ – Центар? - вечерва се огласи и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во своето кусо постоење како политички субјект покажа и докажа дека секогаш работи транспарентно и отворено и точното информирање на јавноста му е приоритет.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија смета дека за да нема забуни јавноста треба да биде информирана за следното:

- Владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ.

- ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара со премиерот, како и во работната група во која учествува како политички субјект и таму се разговара, преговара и се усогласуваат политиките. Истовремено се следи реализацијата на владината програма и основните принципи и начела врз кои почива договорот за поддршка на владината програма;

- Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија на локалните избори, како што е веќе најавено, ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.

- Во однос на градоначалничките места се преговара со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите.

- Што се однесува до Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има свој кандидат за градоначалник. Партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место, пишува Димитриевски на ФБ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk