Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Партијата денеска спроведе директни внатрепартиски избори, на кои регистрираните членови избираа претседател на партијата.
Гласањето се одвиваше на 78 избирачки места низ сите општински организации. Според информациите од партијата, надлежната централна изборна комисија го затвори избирачкиот список со вкупно 23.712 активни членови.
На денешните внатрепартиски избори во СДСМ, актуелниот претседател Венко Филипче се појави како единствен кандидат за функцијата.
- Вкупно гласале 18.140 членови, за Венко Филипче гласале 18.001, неважечки ливчиња се 139. Лани во јуни на изборите во СДСМ гласале 13.036 членови, од кои 9.016 гласале за Венко Филипче, посочи шефот на партиската комисија за избори.
Филипче претходно беше избран на вонредни избори во јуни 2024 година, по оставката на Димитар Ковачевски.
Венко Филипче ќе ги води СДСМ на локалните избори. По денешното внатрепартиско гласање на кое единствен кандидат беше Филипче, тој доби нов четири годишен мандат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата