logo
logo
logo

Стоилковиќ упати телеграма со честитки до новиот српски премиер Мацут

Vecer | 16.04.2025

Стоилковиќ упати телеграма со честитки до новиот српски премиер Мацут

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ испрати поздравна телеграма по повод изборот на новата влада на Р Србија на чие чело е премиерот Ѓуро Мацут.

Господине Мацут, во име на Србите во Македонија и во мое лично име, по повод вашиот избор за претседател на српската Влада, упатувам искрени честитки, со надеж дека Владата што ќе ја водите ќе продолжи со политиката на севкупен развој на Србија, така што просперитетна и силна Србија ќе биде и остане симбол на стабилноста, мирот и економскиот напредок на целиот регион.

Србите во Македонија се многу благодарни и горди на резултатите што нашата матична земја ги бележи на полето на економскиот напредок и борбата за политичка стабилност не само на Србија, туку и на целиот регион и во таа смисла тоа е вистинска поддршка за Србите во регионот, вклучително и нас во Македонија. Со изрази на нашата најдлабока почит и благодарност, пишува во телеграмата упатена од заменик-претседателот и министер Стоилковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk