logo
logo
logo

Сиљановска Давкова: Очекувам активен Уставен суд, дискриминацијата не треба да се дозволува или треба да се санкционира

Vecer | 16.04.2025

Сиљановска Давкова: Очекувам активен Уставен суд, дискриминацијата не треба да се дозволува или треба да се санкционира

Во Уставот има еден проблем, антидискриминаторската клаузула, да, таа е предмет на оценка на Уставниот суд или подлежи на т.н. уставна тужба, но ние имаме многу малку слободи и права, тоа е слободата на совест, слободата на мисла и интересна работа, слободата на политичко организирање и дејствување за кои е можно да се покрене ваква тужба. Во најголемиот дел од државите сите слободи и права исто така може да бидат предмет на ваква тужба, но и со толку малку слободи и права што подлежат на оценка на уставноста и законитоста по повод уставна тужба, нашиот Уставен суд, не говорам за овој, туку за претходните состави, речиси не постапувал, рече денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

Таа забележува раздвижување во работата на сегашниот состав на Уставниот суд и очекува, како што изјави, активен Уставен суд.

По презентацијата на Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година, Сиљановска Давкова уште еднаш порача дека пред Уставот и законите мора сите да се еднакви, а дискриминацијата не треба да се дозволува или треба да се санкционира..

Во однос на човековите права да ја користиме уставната клазула дека се што со Уставот и законот не е забрането, е дозволено, нагласи претседателката, според која, така ќе создадеме општество во кое еднаквоста на шансите ќе постои. Во спротивно, потенцира, ќе има привилегирани и дискриминирани. Кај нас, укажа претседателката, оваа одредба наместо да се користи за заштита на човековите права, ја користеа фуинкционери, заборавјаќи дека не се однеусва на нив, туку е заштита од нив.

-Време е и Уставниот суд да се појави на сцената во одбраната заедно со другите тела и мислам дека дел од препораките во извештаите ќе може да станат реалност, а луѓето навистина да се чувствуваат рамноправно. Најважно е да станеме свесни дека пред Уставот и законот сите сме еднакви. Во Уставот има еден проблем, антидискриминаторската клаузула, да, е предмет на оценка на Уставниот суд или подлежи на т.н. уставна тужба, но ние имаме многу малку слободи и права, тоа е слободата на совест, слободата на мисла и интересна работа, слободата на политичко организирање и дејствување за кои е можно да се покрене ваква тужба. Во најголемиот дел од државите сите слободи и права исто така може да бидат предмет на ваква тужба, но и со толку малку слободи и права што подлежат на оценка на уставноста и законитоста по повод уставна тужба, нашиот Уставен суд, не говорам за овој, туку за претходните состави, речиси не постапувал. Ние имаме многу малку иницијативи. Во овој Уставен суд забележувам раздвижување, а тоа мислам дека го донесоа неколкуте мои колешки и претседателот на Уставниот суд и очекувам активен Уставен суд. Сите денеска во светот се плашат од хиперактивни уставни судови, а ние се плашевме од неактивен Уставен суд, истакна Сиљановска Давкова.

Слободите и правата, дополни, се дел од човечката суштина и без нив не сме луѓе.

-Слободите и правата не се државен подарок, ниту ги влечеме од Уставот, туку без нив не можеме да се реалзиираме. Право да биде реализиран како суштество има секој, без оглед на припадноста, подвлече Сиљановска Давкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk