logo
logo
logo

Трајановски: Шилегов за 30 чешми троши по 1.500 евра од чешма кои никој не ги видел и се крие документацијата

Vecer | 27.05.2021

Трајановски: Шилегов за 30 чешми троши по 1.500 евра од чешма кои никој не ги видел и се крие документацијата

Град Скопје преку јавна набавка за 30 чешми троши по 1.500 евра за една чешма за пиење на вода, но никој не знае каде се тие чешми. Ниту градот дозволува увид, ниту фирмата доказ за сработеното, вели за „Заспиј ако можеш“ Александар Трајановски, советник во Совет на Град Скопје од коалицијата „За Обнова на Македонија“  предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Трајановски вели дека за таа јавна набавка ден денешен чека кабинетот на градоначалникот како советник да му одобри увид во документацијата, но истата се крие.

- Има јавна набавка која се повторува. Увидов дека сумата се пресликува секоја година и тоа паушал кој е договорен со правно лице. Во 2020 година набавката се дели на две ставки годишно и секогаш се јавува истата фирма и никогаш не се јавува конкурент. Кога ќе ја видите спецификацијата таму се  околу 14 чешми од еден тип и уште 17 друг тип,  за пиење вода, и прашањето е дали се нови или реновирани, и бараме документација за реализација на услугата. Носителот е должен да достави документација за сработеното, потенцира Трајановски.

Трајановски потенцира дека се што прави Шилегов е само популизам, но ништо не е сработено, како на пример Универзална сала која требаше да биде реконструирана, а сега пак се ветува.

Се е тоа популизам. Ветува тунели под Кале, а овие 4 години не изградија ништо повисоко од 20 центриметри. Како што беше и за Зиплајнот, си пуштија проекција си аплаудираа како во едноумие, а ништо не се работи. Исто и  трамвајот кој Шилегов го најави не е трамвај, туку автобус. Самото име Бас Рапид Систем кажува дека е автобус, а не трамвај, да не зборуваме дека нема шини туку тркала и за истото ќе се уништува зеленилото на средина на Партизанска.  Да не зборуваме дека со тоа што ќе вози на средина ќе ги изложи граѓаните на опасност, и очекуваат сите да мижиме на тоа, нагласи Трајановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk