Зароби го судството па повикај на ветинг; Вметни партиски
кадри, роднини и деца како судии и обвинители па повикај на ветинг; Ре-зароби
го судството па повикај на ветинг; Донеси редица на закони за амнестија па
повикај на ветинг; Донеси измени на КЗ па повикај на ветинг; Штелувај избори за
Шеф на ОЈО ГОКК па повикај на ветинг” истакнува професорот на правниот факултет
д-р Денис Прешова во објава на социјалните медиуми, коментирајќи ги
предизборните ветувања на владеачките ДУИ и СДСМ.
Според професорот Прешова доколку судиите продолжат да
молчат и целосно сервилно да си се грижат единствено за своите плати и
привилегии наместо да се грижат за правдата и правата, ќе нема кој да ги брани
во иднина.