logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА - Ученик од Гимназијата Корчагин си го ОДЗЕДЕ ЖИВОТОТ, ГО ЗЕДЕ СВЕДИТЕСЛСТВОТО И СИ ПРЕСУДИ

Vecer | 02.09.2022

ТРАГЕДИЈА - Ученик од Гимназијата Корчагин си го ОДЗЕДЕ ЖИВОТОТ, ГО ЗЕДЕ СВЕДИТЕСЛСТВОТО И СИ ПРЕСУДИ

Професорката на Природно математичкиот Факултет во Скопје, Мимоза Ристова на својата Фејсбук страна објави страшна вест дека ученик од Гимназијата Корчагин си го одзел животот откако го зел сведителството.

Таа го повика Министерството за образование и наука заедно со Инспекторатот за образование да спроведат инспекциски надзор и да утврадат дали постојат професори кои што им прават булинг и мобинг на децата со што им ја разнишуваат самодовербата и ги носат во очај и смрт.

ЕДЕН УЧЕНИК ОД ГИМНАЗИЈА КОРЧАГИН СИ ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ - ТАГА НЕВИДЕНА (ги земал оценките и си пресудил)

1. МОН и Образовен инспектор веднаш да преземе вонреден инспекциски надзор (ама сериозен). Да ги анкетира учениците и да го лоцира проблемот со помош на експерти по психологија. Постојат професори кои им прават булинг и мобинг на учениците, им ја разнишуваат самодовербата и ги носат во очај и смрт. Во сите гимназии има вакви гадни ликови кои треба да се отстранат. Во нашава држава ученици и родители се плашат да пријавуваат, зашто знаат дека никој ништо нема да преземе за да ги заштити, туку напротив, ги чека освета од гадот/гадурата кој/која на нив лечи лични фрустрации.

2. Анкетирањето да се спроведе по другите гимназии за да се лоцира потенцијалниот причинител на ученичка смрт, за да се превенира.

3.. Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата.

Оваа жална вест нека ги покрене механизмите, ако постои некаква држава наместо мафијашка усмрдена баруштина.

Моето најдлабоко сочувство до родителите., се вели во Фејсбук статусот на професорката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk