logo
logo
logo

Тошковски: Случајот со обезбедувањето на премиерот е доказ дека НЕМА НЕДОПИРЛИВИ

Vecer | 03.04.2025

Тошковски: Случајот со обезбедувањето на премиерот е доказ дека НЕМА НЕДОПИРЛИВИ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека Министерството активно се бори против криминалците во своите редови и дека не прави разлика меѓу полициските службеници и другите граѓани. Во одговор на новинарско прашање, тој истакна дека многу пријави се поднесени против одредени поединци во Министерството и дека Одделот за внатрешна контрола постапува согласно добиените информации.

„Ова е еден од случаите каде се покажува дека неселективно се бори против криминалците во МВР. Многу пријави се поднесени против криминалци во Министерството. Одделот за внатрешна контрола, во рамките на спроведувањето на истрагата по добиени информации, извести јавен обвинител, кој даде наредба да бидат преземени дејствија истата вечер. По спроведување на предметната акција, извршени се повеќе претреси кај полициски службеници во одделот за внатрешна контрола, при што се пронајдени одредени докази за стореното кривично дело. Понатаму, сакам да им порачам на сите предавници во МВР дека неселективно и бескомпромисно ќе се бориме за полиција која ќе ги штити граѓаните и нема да ги рекетира“, изјави Тошковски.

Тошковски нагласи дека во моментот не може да открива детали од истрагата, но истакна дека веднаш штом информациите ќе добијат јавен карактер, тие ќе бидат споделени со јавноста.

Тошковски исто така потврди дека се утврдени злоупотреби на полициски службеници кои нелегално и надвор од служба користеле патни трошоци. Првиот човек на МВР потврди дека е отворена постапка и дека се работи на случајот.

Од друга страна, Тошковски нагласи дека активно се работи и на случајот со трагедијата во Кочани и дека за сите оние кои ќе биде утврдено дека направиле дело кое има причинско-последични врски со трагедијата, ќе одговараат пред надлежните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk