logo
logo
logo

Јаневска прашана дали би го водела Министерството за здравство

ВЛАДАТА ИМА ПРЕМИЕР И ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ, ТИЕ ЌЕ КАЖАТ КАКО ЌЕ БИДЕ

Vecer | 13.05.2025

ВЛАДАТА ИМА ПРЕМИЕР И ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ, ТИЕ ЌЕ КАЖАТ КАКО ЌЕ БИДЕ

Министерката за образование Весна Јаневска денеска изјави дека е премногу рано да се размислува за евентуално нејзино преземање на Министерството за здравство, во случај функцијата да се испразни по најавите дека актуелниот министер Арбен Таравари ќе ја напушти Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатила да го води Министерството за здравство, Јаневска истакна дека тоа прашање е во надлежност на преговарачкиот тим на Владата и на премиерот

– Владата има премиер, а има и преговарачки тим. Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде – рече министерката.

Таа додаде дека разговори на таа тема ќе се водат дури откако ќе дојде соодветниот момент.

– Сосема е рано да се размислува за такво нешто, ќе кажат тие што се одговорни, кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме – истакна Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk