logo
logo
logo

СЕ ДЕЛЕЛЕ ДИПЛОМИ ТУКУ-ТАКА! Затворени 13 институти, уште за 13 се одлучува

Vecer | 13.05.2025

СЕ ДЕЛЕЛЕ ДИПЛОМИ ТУКУ-ТАКА! Затворени 13 институти, уште за 13 се одлучува

Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска.

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на Самитот Македонија 2025, Јаневска рече дека е јавна тајна стекнувањето лажни и незаслужени дипломи. Во вакви случаи, како што истакна, двете страни се учесници и треба да одговараат зашто сториле криминално дело.

Јавна тајна е, луѓето отворено зборуваат кога се наоѓаат во приватен круг, дека се стекнале со такви дипломи, но, како што кажав, тешко се докажува оти едната и другата страна е учесник, и двете страни треба да одговараат, тоа е криминално дело. Но, бидејќи е и јавна тајна и бидејќи имаме инструменти со кои можеме да провериме каков е квалитетот на образованието во одредени високо-образовни институции, ние тоа го правиме. Има недоречености во Законот, има нешта во минатото што не се направени, на пример евалуации од страна на Агенцијата за квалитет во високото образование. За да можеме да го затвроиме процесот, мора да направиме измени во законите за високо образование, за АКВО, за научно-истражувачка дејност, за иновации,… Она што ни го дозволува Законот за наука, тоа го спроведуваме. Можеме легално да затвораме институти и затворивме 13, уште 13 се под силен мониторинг. Ќе видиме колку од нив ќе бидат затворени. Затворивме и една медицинска струка, сега ќе затвориме втора. Се уште го докомплетираме процесот зашто не би сакала да не биде процедурата како што треба. Ќе го докомплетираме и ќе продолжиме во иднина во тој правец – истакна Јаневска.

Според неа, кога почнале проверките и затворањето, одреден број инстутити сами поднеле барање за затворање.

– Тие беа свесни дека не ги исполнуваат условите и ги затворивме – потенцира Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk