logo
logo
logo

Топлана Скопје север утринава пушти парно за домаќинствата од Бутел и Чаир

Vecer | 04.10.2022

Топлана Скопје север утринава пушти парно за домаќинствата од Бутел и Чаир

Утрово скопските семејства во Бутел и Чаир се разбудија со парно, а останатите домаќинства во главниот град со студени радијатори. Граѓаните од Бутел и Чаир, се греат на Топланата Скопје север и станува збор за околу 500 семејства. Како што пренесува Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од Макпетрол, компанија која го набавува овој енергенс од Гаспром. Дека топланата Скопје Север и утрово пушти парно, за Фактор потврди директорот на Топлана Скопје Север, Куштрим Рамадани.
– Точно е дека набавивме гас за следните неколку дена, и ако прогнозите нагло не се сменат, во вторник наутро треба да има парно, а ќе пуштиме и во среда. Системот технички е во ред, денеска ги правиме потребните проверки, изјавил вчера Рамадани за порталот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk