logo
logo
logo

ТАРАВАРИ СО ДЕТАЛИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ: Пациенти од Кочани и Штип пренесени во Скопје, неколку пациенти ќе се однесат во странство (ВИДЕО)

Vecer | 17.03.2025

ТАРАВАРИ СО ДЕТАЛИ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ: Пациенти од Кочани и Штип пренесени во Скопје, неколку пациенти ќе се однесат во странство  (ВИДЕО)

Сите пациенти се во стабилна состојба, и тие што се надвор од државата, 51, главно се во стабилна состојба. Има пациенти и денеска што се јавуваат во болница. Сите кои не се пријавиле вчера, нека се пријават денеска, рече на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

 „Сите пациенти од Кочани и од Штип ги преземавме, во Клинички има 49, во „8. Септември“ – 18 пациенти, во стара Градска болница се 17 пациенти, во Штип сега се пријавени двајца нови пациенти. Во Турција се 9 пациенти, во Бугарија 14 и во Грција 5, во Србија 17 пациенти. Во Будимпешта се испратени двајца и во Литванија 4 пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат испратени надвор од државата, во Хрватска, Словенија, Австрија и 12 пациенти во Белград, во ВМА“ рече Таравари.

„Сите 20 критични пациенти кои се надвор од државата се релативно стабилни, засега нема промена во нивната состојба. До 14 часот ќе излеземе со бројки за сите болници каде има наши пациенти за да може да се комуницира со болниците“ рече Таравари.

Во Македонија се лекуваат 84 пациенти, а во странство има 51 пациент, вкупно повредени се 135 пациенти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk