logo
logo
logo

Ден на жалост во Србија, Бугарија и БиХ: РЕГИОНОТ СОЧУВСТВУВА СО СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ

Vecer | 18.03.2025

Ден на жалост во Србија, Бугарија и БиХ: РЕГИОНОТ СОЧУВСТВУВА СО СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ

Во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите.

Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, а повеќе 150 се повредени и хоспитализирани, денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, а вчера и Црна Гора.

Српската Влада, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, го прогласи 18 март за ден на жалост. Во Србија на лекување  се испратени и дел од поврeдените во Кочани. Нив вчера ги посети претседателот Вучиќ, кој кажа дека во здравствените установи во Србија ќе бидат згрижени вкупно 29 повредени лица.

И бугарската Влада на вонредна седница донесе одлука денеска да биде ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија. Премиерот Росен Жељазков изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна. Искажа подготвеност за прием и на други повредени доколку има потреба.

Жељазков додаде дека трагедијата ги надминува секојдневните политички и општествени разлики.

– Во вакви тешки моменти, човечките чувства и солидарност доаѓаат до израз. Верувам дека нашите народи ќе ги остават настрана дневните предизвици и ќе бидат единствени во овој ден – изјави вчера премиерот на Бугарија.

Ден на жалост денеска е и во Федерацијата Босна и Херцеговина, а во текот на вчерашниот ден и во Црна Гора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk