По шпекулациите денеска министерот за здравство Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ демантираше дека си дава оставка.
Таравари одговарајќи на новинарско прашање ги демантираше шпекулациите дека ќе си даде оставка од министерската функција и дека ќе излезе од коалицијата.
Како што рече дека соработката меѓу сите коалициски партнери е стабилна и дека ќе продолжи да работи.
„Ќе продолжам да работам и на трети и на петти, фокусиран сум на пациентите, особено на тие од трагдијата во Кочани, но и на сите пациенти“, изјави Таравари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата