logo
logo
logo

Таравари со добра вест: 10 ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ОД БОЛНИЦА

Vecer | 21.03.2025

Таравари со добра вест: 10 ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ОД БОЛНИЦА

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека моментално се лекуваат 162 лица од пожарот во Кочани.

Добра вест, како што кажа, е што денеска се испишуваат 10 пациенти.

Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 септември“ се 12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациенти. Исписи имаме еден пациент од Штип, еден од Детска Хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во Систина и Жан Митрев се лекуваат 10 пациенти, од нив 5 денеска се испишуваат – порача Таравари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk