logo
logo
logo

СДСМ држи пресови како АЛИБИ ЗА НЕРАБОТАТА НА НИВНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, дали законот не треба да важи за нив?

Vecer | 27.04.2025

СДСМ држи пресови како АЛИБИ ЗА НЕРАБОТАТА НА НИВНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, дали законот не треба да важи за нив?

Паничните прес-конференции каде портпаролот во заминување Кузеска обвинува дека градоначалниците на СДС се соочувале со притисок од инспекции не се ништо друго, туку само барање на алиби и оправдување за немањето на резултати и проекти ветени пред граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

Дали СДС смета дека законот не треба да важи за градоначалниците на СДС, или пак дека тие треба да бидат заштитени бели мечки за кои нема да важат процедурите, додека за сите останати важат, додаваат тие.

Посочуваат дека централната власт ја помага локалната, најдобар показател се 250-те милиони евра ставени на располагање од владата за општините за капитални проекти, при што корисници има и од општините каде СДС е на власт.

На крајот, ваквите алиби прес-конференции се потврда дека СДС продолжува да биде синоним за неспособност, криминал и предавства, стои во реакцијата.

Сите можни инспекции, различни сектори под контрола на МВР, инспекторати и многу други институции буквално ги имаат окупирано општините водени од градоначалници на СДСМ, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk