Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола поднел кривична пријава против Ј.Н.(45) од с.Цапари и В.М.(64) од Битола, за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што е пронајден и одземен пиштол, кој го купил од второпријавената.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата