logo
logo
logo

Сведокот од Палчо НЕ СЕ ПОЈАВИЛ ВО СУД, НЕ САКАЛ Д АЈА ПРИМИ ПОКАНАТА

Vecer | 26.03.2025

Сведокот од Палчо НЕ СЕ ПОЈАВИЛ ВО СУД, НЕ САКАЛ Д АЈА ПРИМИ ПОКАНАТА

Сведокот Мартин Панчевски, кого обвинетиот Љупчо Палевски го повика да сведочи дека заедно чекале ред во банка претпладнето кога е убиена Вања, одбил да ја прими поканата од судот.

– Поканата од судот е вратена со назнака дека не сака да ја прими – рече судијата Ивица Стефановски, пренесе Плусинфо.

Овој сведок беше предложен од првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски. Тој требаше да каже дали на денот на убиството на Вања, бил во Халк банка и заедно со Палевски чекал ред.

Палевски тврдеше дека додека чекал ред во банката, еднаш го вратиле од шалтер, па се враќал, стоел и разговарал со извесен професор Мартин Панчевски. Панчевски беше поканет како сведок, но судијата на претходните рочишта рече дека не бил најден на дадената адреса и дека ќе биде поканет уште еднаш за рочиштето на 26 март. Но сведокот Панчевски и денеска не дојде.

Палевски приложи уплатница со извршена уплата во 11.40 часот, во Халк банка во Буњаковец. На едно од рочиштата неговата одбрана побара Судот да ѝ нареди на банката да достави снимки од кои се гледа дека Палевски е внатре во банката и долго време чека ред. Судот го прифати ова барање и најави дека ќе го прибави како доказ видеонадзорот од Халк банка во периодот од 9 до 12 часот на 27 ноември 2023 година.

Според Обвинителството, по убиството на Вања, Палевски со „рено кангу“ се вратил во седиштето на Десна околу 10 часот. Неговата одбрана објаснува дека тој бил во банката многу порано од времето на уплатата, кое е 11.40 часот. А убиството на Вања, според обвинението, се случило пред 9 часот.

Судијата го отфрли барањето на Палевски за изземање на тројцата обвинители како неосновано

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk