logo
logo
logo

Каква е потребата од лидерска која ја бара Филипче, ОСВЕН ГУБЕЊЕ ДРАГОЦЕНО ВРЕМЕ?

Vecer | 29.03.2025

Каква е потребата од лидерска која ја бара Филипче, ОСВЕН ГУБЕЊЕ ДРАГОЦЕНО ВРЕМЕ?

Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, денеска се осврна на предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање лидерска средба. Според Таравари, ако институциите функционираат беспрекорно, каква е потребата од таква средба? Тој нагласи дека наместо да се губи време на политички состаноци, треба да се фокусираат на решавањето на проблемите кои ги имаат како институции.

„Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите работат без пропусти. Ние сме заинтерсирани да ги решаваме проблемите што ги имаме, а не да губиме време на празни разговори. Важно е да се осигура дека здравствените установи ги поддржуваат луѓето кои имаат потреба од помош, но и да се пронајдат виновниците за трагедиите што се случуваат, бидејќи ова е четвртиот инцидент за само пет години“, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во врска со состојбата на повредените во Кичево.

Таравари, исто така, го повтори ставот на коалицијата „Вреди“, која во понеделникот објави дека Филипче нема кредибилитет да повикува на лидерска средба. Претходно, Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека ќе се обиде да организира лидерска средба следната недела во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk