logo
logo
logo

„Не знам што би правеле на лидерска, институциите беспрекорно работат“ - ТАРАВАРИ НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ СО ФИЛИПЧЕ

Vecer | 29.03.2025

„Не знам што би правеле на лидерска, институциите беспрекорно работат“ - ТАРАВАРИ НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ СО ФИЛИПЧЕ

Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, рече денеска претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари во врска со предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој најави средба во врска со ситуацицјата по пожарот во Кочани.

– Ние сме заинтерсирани да се решат проблемите што ги имаме како институции, неуморно работиме секојдневно и тоа би било само губење време. Сметаме дека постојат институции што функционираат и дека не е моментот. Не знам што би правеле на лидерска кога институциите беспрекорно работат и за здравјето на повредените, но и за да се најдат виновниците за овој случај. Но, и за останатите случаи, со оглед дека ова е четврти случај за 5 години – рече денеска Таравари, одговорајќи на новинарски прашања.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче завчера најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии, на кои ќе им презентира што тој смета дека е обврска да се направи за државата. Тој рече дека е „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

Од Владата посочија дека немаат добиено иницијатива од СДСМ, но дека тие и премиерот Христијан Мицкоски се отворени за секаков предлог и иницијатива за помош.

Дел од парламентарните партии, како ЗНАМ, вчера се изјаснија дека ќе ја чекаат официјалната покана од Филипче, па ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба.

Од Левица рекоа дека ќе го кажат својот став откако ќе го дознаат форматот и планот за средбата и порачаа дека ова не е време за калкулации, ниту за политички маневри и договори, туку за дејствија на сите нивоа на власта.

Од владината коалиција Вреди се изјаснија дека Филипче нема кредибилитет да повикува на лидерска средба.

Од ДУИ  посочија дека прво мора да се формира парламентарна комисија со меѓународен надзор, а потоа да се размислува за други чекори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk