logo
logo
logo

Судот во Кочани одлучи: ЗА 6 СЕ ОДЛУЧУВА ВО ТЕК, А ЗА 10 ВЕЌЕ Е ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ

Vecer | 19.03.2025

Судот во Кочани одлучи: ЗА 6 СЕ ОДЛУЧУВА ВО ТЕК, А ЗА 10 ВЕЌЕ Е ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ

Основниот суд во Кочани досега донел решенија за продолжување на краткотрајниот притвор од 48 часа за десет лица во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, додека за останатите шест се уште се одлучува.

Според информациите на МИА, за продолжување на притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши се уште не е донесена одлука.

ЈОРМ информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Во пожарот во дискотеката Пулс во неделата рано наутро загинаа 59 лица, додека над 150 се повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk