logo
logo
logo

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Vecer | 18.12.2025

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

– Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од три причини: прво, од геополитичка перспектива. Проширената Европска Унија значи побезбедна, посилна и помирна Европа. Второ, затоа што проширувањето го зајакнува нашиот заеднички просперитет. Секое претходно проширување го докажа ова, И трето, затоа што Европската Унија останува привлечен и кредибилен проект и ние мора да ги исполниме очекувањата што ги создава. Проширувањето сега се движи побрзо отколку во последните 15 години. И ние мора да ја искористиме оваа можност, наведува Кошта во изјавата.

Претседателот на Европскиот совет нагласува дека ЕУ ги поздравува чекорите за зголемување на регионалната поврзаност што ги презема земјава и изразува надеж на вистински напредок во 2026 година. – Нејзините власти знаат што треба да направат, додава Кошта.

Тој потенцира дека проширувањето е процес базиран на заслуги, а не трка или натпревар меѓу кандидатите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk