logo
logo
logo

Студентите денеска излегуваат на протест

Vecer | 14.11.2022

Студентите денеска излегуваат на протест

Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ за денеска во 16 часот најави мирен протест пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“, додека во 16 и 30 часот треба да се сретнат со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард. „Студенстки отпор“ бара повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја и подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови. -Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард. Затоа, време е за студентски отпор!, велат од Студентски отпор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk