logo
logo
logo

Стојкоски: Интензивно се гради нова сообраќајна врска во Ѓорче Петров

Vecer | 27.05.2025

Стојкоски: Интензивно се гради нова сообраќајна врска во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров неодамна започна со изградба на нова сообраќајна врска која ќе ги поврзе улиците „Социјалистичка Зора“ и „Сремски фронт“, со што значително ќе се подобри локалната инфраструктура и ќе се олесни пристапот до главната улица „Ѓорче Петров“ – важна сообраќајна артерија која води кон скопската обиколница и западниот дел на Република Македонија.

Градоначалникот Александар Стојкоски изврши увид во текот на градежните активности при што изјави дека овој зафат претставува значаен чекор напред за општината.

-Не само што го олеснуваме секојдневниот живот на граѓаните, туку вложуваме во побезбеден, поквалитетен и пофункционален урбан развој – рече Стојкоски.

Проектот е финансиран со 8.835.966 денари, доделени преку Одлуката за користење капитални дотации на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти во областа на транспортот за 2024 година. Согласно склучениот договор со економскиот оператор, вкупниот износ изнесува 8.879.500 денари, при што разликата ќе биде кофинансирана од страна на Општината.

Со реализацијата на овој проект ќе се постигне подобро поврзување на локалните улици, намалување на сообраќајната гужва на ул. „Ѓорче Петров“, поголема безбедност и проточност на сообраќајот и подобрување на секојдневното движење на жителите.

Општина Ѓорче Петров продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот и урбаната поврзаност на сите заедници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk