logo
logo
logo

Стефоска и директорите на театрите разговараа за работата во услови на Ковид-19

Vecer | 10.03.2021

Стефоска и директорите на театрите разговараа за работата во услови на Ковид-19


Министерката за култура Ирена Стефоска се сретна со директорите на театарските институции, со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат овие национални установи, како и за реализацијата на програмата одобрена од страна на Министерството за култура во текот на 2021 година.

Од министерството за култура информираат дека на средбата се дискутирало за реализацијата на тековниот репертоар, како и за плановите за реализација на нови претстави во услови на светска пандемија.

Театрите укажале на реалните проблеми со кои се соочувуваат за одржување на програмата, согласно пропишаните здравствени протоколи.

Во програмата за финасирање на проекти од национален интерес во културата од областа на драмска дејност за 2021 година, за националните установи поддржани се 78 проекти со вкупен износ од 54.646.140 денари, известуваат од ова министерство.

Во текот на оваа година ќе се реализираат повеќе инвестициони зафати во театарските установи, со кои ќе се подобрат условите за нивно функционирање. Издвоени се средства за набавка на светлосна опрема и за реновирање на сценскиот под и други зафати во Драмскиот театар, ќе се набавува опрема и за потребите на гостиварскиот театар.

Во МНТ ќе се реализира проектот за санација на проодната тераса и други тековни зафати, во Театарот за деца и младинци предвидено е реновирање на театарската сала, потоа реновирање на објектот на албански театар за деца и млади-Скопје и други активности.

На средбата биле разгледани и прашања поврзани со промоцијата на новиот објект на Албанскиот театар, кој, како што додават од институцијата, во согласност со здравствените услови предизвикани од пандемијата, ќе биде отворен во наредиот период.

Истовремено беше посочено дека продолжуваат изградбите на објектите на турскиот театар, театарот и библиотека во Тетово, театарот во Струмица.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk