„Изборот за 1. мај е или, или… Или на скара, или на протест
за поголеми плати. Оваа година работниците имаме шанса да кажеме, ние
работниците бираме. Ние од синдикатите го слушнавме работничкиот глас, и
заеднички, работниците со синдикатите да кажат на властите што им треба<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">, вели Слободан Трендафилов од ССМ во
DailyClick на ТВ21, за протестот на работниците на 1. мај.</span>
Трендафилов кажа дека очекува голем одзив на протестот кој
ќе се одржи на 1. мај.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
.Знам дека политичарите го користат моментот да ветуваат се
и сешто во овој момент. Многу е лесно политичарите со 2500 евра горе, да им
ветуваат на тие доле со 22.500 денари минимална плата. Ако зборуваме за
протестите, работниците ги очекуваме на 1. мај. Убаво е да го поминете
празникот на пикиник и на скара, можеби имате уплатено аранжман, но кога ќе се
вратите на 2. мај, реалноста ќе ви се удри во глава. 40.000 работници се на таа
минимална плата, 10% да излезат само, е нешто“, рече Трендафилов