logo
logo
logo

Стафа „жив фатен“ во саботата со 20.000 евра за да поткупи судија, обвинителството отвори истрага

Vecer | 14.12.2025

Стафа „жив фатен“ во саботата со 20.000 евра за да поткупи судија, обвинителството отвори истрага

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што претходно беше известено, станува збор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради сите околности што упатуваат на опасност од бегство, можност да изврши нови кривични дела или да влијае на постапката.

Во периодот од октомври до саботата 13-ти декември годинава осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

На 6-ти октомври осомничениот примил дел од побараниот износ, и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство.

Во саботата, пак, директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот бил уапсен и кај него се пронајдени парите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk