logo
logo
logo

ССМ СЕГА СЕ ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ПЛАТА КОЕ САМИ ГО БАРАА и го презентираа како историски успех

Vecer | 03.04.2025

ССМ СЕГА СЕ ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ПЛАТА КОЕ САМИ ГО БАРАА и го презентираа како историски успех

ССМ против ССМ, сега се против решението за минималната плата кое самите го бараа додека власт беше СДС, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

ССМ сами бараа минималната плата да се усогласува со растот на просечната плата и стапката на инфлација, а тоа се пресметува 50 проценти од порастот на просечната плата и 50 проценти од процентот на индексот на живот, со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57 проценти.

ССМ ова го договори и го презентираше како историски успех, ВМРО-ДПМНЕ го почитува тоа што синдикатите го договориле со работодавачите.

Но каде е тука проблемот?

Сега не е повеќе СДС на власт, тие кои го поставија раководството во ССМ, на чело со Трендафилов, и синдикатот сега се користи за пресметка и политичка битка.

Тоа што за ССМ беше добро до пред неколку месеци, сега веќе не е.

ССМ се лицемерни и одат сами против себе, само за да исполнат партиска насока на СДС, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk