logo
logo
logo

Според Захариева македонските политичари се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија

Vecer | 30.09.2022

Според Захариева македонските политичари се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија

Политичарите во Скопје наместо да одат по патот на добрососедството, сè уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија, изјави поранешната вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за БГНЕС

Таа во пресрет на изборите во Бугарија истакна дека  Бугарија сака земјава да ги отвори своите архиви на тајните служби и да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови.

- Едно мора да им биде јасно на политичарите во Скопје, Европската унија гарантира подобар живот за нивните граѓани и тие го сакаат токму тоа, но наместо да одат по патот на добрососедството, тие се уште се жртви на комунистичката југословенска пропаганда на омраза кон Бугарија.  Затоа сакаме оваа земја да ги отвори своите архиви на тајните служби, да се исчисти од поранешните комунистички полициски агенти во нејзините редови, да го отстрани јазикот на омраза од учебниците и медиумите, рече таа.

Додаде дека никој не ги избира соседите.

- Нема шанси да ги придвижиме нашите земји понатаму, па затоа е смешно и одвратно да се живее вака – во омраза. А кој и да го поттикне тоа ќе биде најстрого казнет, ако не сега, тогаш во историјата“, рече  Захариева.

На прашањето од новинската агенција: „Дали во Брисел разбираат дека македонизмот е неспоив со европските вредности и дека не му е место во ЕУ?“, поранешната бугарска шефица на дипломатијата категорично потврдува потенцирајќи дека „мора да бидеме наивни дека Брисел не ја разбира нашата (на Бугарија) загриженост“.

- Урсула фон дер Лајен тешко дека ќе заборави како ја пречекаа во парламентот на Северна Македонија – со плакати ‘Предавници на народот’, ‘Народот рече не, сфатете’, ‘Јазикот е идентитет’, ‘Деца на заевизмот, го враќате фашизмот’. Што е со францускиот претседател, што со комесарот за проширување? Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски. Сите знаеме кој има интерес од ова, кој не сака Северна Македонија да влезе во Европската Унија и кој сака Балканот да остане нестабилен, изјави таа.

Зарем не мислите, додаде Захариева,  дека европските амбасадори во Скопје пред неколку дена не видоа како на трибините на нивниот стадион публиката ја исвиркува нашата химна и ги навредува нашите фудбалери. Видовте ли таков став во Разград кога бевме домаќини на нивната фудбалска репрезентација?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk