logo
logo
logo

Мицкоски: ВО НЕКОИ ОПШТИНИ РАЗЛИКАТА ЌЕ БИДЕ 4:1 на локалните избори

Vecer | 08.03.2025

Мицкоски: ВО НЕКОИ ОПШТИНИ РАЗЛИКАТА ЌЕ БИДЕ 4:1 на локалните избори

Во тек се анкетите за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, потврди премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој ја прокоментира изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче во врска со рејтингот на партијата.

– Мислам дека ако навистина веруваат дека два и пол спрема еден ќе биде разликата ќе бидат непријатно изненадени за 6 месеци, има општини каде што таа ќе биде многу поголема 4:1 таа разлика, една од тие Општини е и оваа, Свети Николе. Така што мислам дека тие што му ги потурнуваат тие анкети на претседателот на СДСМ не му мислат добро – изјави Мицкоски.

Тој го посоветува лидерот на СДСМ да ја погледне реалноста и за 6 месеци колку што преостануваат до локалните избори да ја консолидира и реструктуира партијата.

-И мислам дека прво што треба да направи за да се доближи до пропорцијата два и пол спрема еден е да излезе лично тој и да им се извини на граѓаните во името на СДСМ, за сето тоа што СДСМ го направи изминатите години, распродавајќи го идентитетот, крадејќи ги граѓаните, понижувајќи и засрамувајќи ја Македонија, а посебно на македонскиот народ да му побара прошка за сето она што му го направи изминатите седум години, за да се приближи до тие два и пол спрема еден, пропорција – рече Мицкоски. 

Лидерот на СДСМ Венко Филипче изјави дека анкета направена во партијата за претстојните локални избори покажуваат дека сооднос ќе биде 2,5: 1 за ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека е задоволен од оваа позиција бидејќи говори за подобрување на рејтингот на СДСМ под негово водство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk