„Стево Пендаровски - човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп.
Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1.
Арогантно дели ,,ум'' на светски лидери, а сам себе не се гледа.
Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме ,,проруски", ,,антизападни", ,,антиамерикански", за мене слушам напишале дека сум претставник на ,,иранско - турско - унгарско влијание" и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.
Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“ - му одговори вицепремиерот и министер за транспорт на екс претседателот Стево Пендаровски кој рече дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација.
– Многу е важно како ние како мала држава, знаете во кој регион сме лоцирани, се поставуваме наспроти тие глобални промени. Трамп ја поремети глобалната рамнотежа, ја поремети внатрешно трансатлантската заедница, затоа што воведе царини и започна со офанзивни дејствија против своите најголеми сојузници досега и соседи, но она што посебно ме загрижува е позиционирањето на нашата нова Влада во однос на администрацијата на Трамп. Реченицата која ја кажа нашиот премиер Мицкоски по враќањето од Америка дека треба да се навикнеме на ова ново нормално и дека тоа ново нормално ќе го преплави светот е опасна теза. Од новото нормално не се преплавени ниту Америка, Канада, Мексико, Велика Британија,… рече Пендаровски во гостување на ТВ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата