logo
logo
logo

Спасовски нема да биде гонет, иако решението за прекин на „Виа комерц“ го потпишал 3 дена по несреќата, наместо 3 месеци пртеходно

Vecer | 01.03.2024

Спасовски нема да биде гонет, иако решението за прекин на „Виа комерц“ го потпишал 3 дена по несреќата, наместо 3 месеци пртеходно

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска на брифинг со новинари соопшти дека екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нема да се гони за случајот „Виа комерц“.

Надлежната обвинителка рече дека постапувале по анонимна пријава, која била за гонење на екс министерот по членот 353 односно злоупотреба на службената положба и овластување, објави 4news.

Станицата за технички преглед „Виа Комерц“  имала решение за исправност на  автобусот на Беса Транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.

Екс обвинителката Вилја Русковска за медиумите изјави дека комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.

Решението требал да го потпише Спасовски, но тој го потпишал 3 дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, рече Русоковска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk