logo
logo
logo

Советот на јавни обвинители на итна седница ќе избере ВД ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Vecer | 16.12.2025

Советот на јавни обвинители на итна седница ќе избере ВД ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Советот на јавни обвинители на итна седница ќе избере вршител на должност државен јавен обвинител, по оставката на Љупчо Коцевски.

Претседателот на Советот, Башким Бесими информира дека ја очекува информацијата од Собранието дека е констатирана оставката на досегашниот републички обвинител Коцевски. Штом пристигне, тој веднаш ќе свика итна седница на која ќе именуваат вршител на должност на функцијата, кој ќе остане на таа позиција до изборот на нов.

Според Законот за јавно обвинителство, Собранието треба да распише оглас за избор на државен обвинител веднаш штом се упразни местото. Додека траат роковите од огласот, функцијата ја врши вршител на должноста, кого Советот на јавни обвинители треба да го назначи од редовите на републичките обвинители.

Во државното обвинителство обвинители се Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и  Златко Биковски.

Обвинителот Љупчо Лоцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен јавен обвинител. Тој го стори тоа непосредно пред собраниската седница на која пратениците требаше да го разглеуваат предлогот за неговото разрешување што го поднесе Владата.

Летово пратениците изгласаа интерпелација за Коцевски, но тој не поднесе оставка и со месеци тврдеше дека нема да се повлече од функцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk