Додека лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски не видел што сработил градоначалникот на Киселва Вода, Орце Ѓорѓиевски, советник од СДСМ од Велес видел.
Ковачевски го обвини Ѓорѓиевски, дека не работи, но со тоа не се согласува координаторот на советничката група на СДСМ во Велес, Ќирил Гајдов.
Јас често одам во Кисела Вода. Во јавноста можеби имате еден од најактивните градоначалници, бидејќи тој по цели денови објавува статуси на Фејсбук. Човекот работи и во сабота, но јас не видов ништо сработено во Кисела Вода, рече Ковачевски.
Но, од друга страна, Ќирил Гајдов, координаторот на советничката група на СДСМ во Велес, има сосема спротивно мислење од својот партиски лидер во поглед на работата на Ѓорѓиевски.
Гајдов отворено зборува за тоа дека Општина Кисела Вода цвета откако Ѓорѓиевски е градоначалник, бидејќи, како што рече, без разлика на тоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, човекот ја реализираше целата своја програма уште во првите две години од мандатот.
Погледнете го Орце како се справува во Кисела Вода, вели тој.
Додава дека нема проблем кој не го решил изминативе две години.
Се што зацрта човекот направи, во две години ја реализираше својата програма 100%. Ако е од ВМРО-ДПМНЕ, треба сите да гледаат пример од него, го почитувам најискрено. Го гледам напредокот на Кисела Вода, рече тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата