logo
logo
logo

„Сопругата на Апасиев, која земала пари од владата на СДС преку Ерасмус+, лажела за својот ангажман во Грција“

Vecer | 27.08.2025

„Сопругата на Апасиев, која земала пари од владата на СДС преку Ерасмус+, лажела за својот ангажман во Грција“

По вчершното објавување на информацијата дека Тамара Јованов, сопруга на претседателот на Левица Димитар Апасиев од СДСМ добила пари од програмата Ерасмус +, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле лефков на денешната прес конференција посочи дека Тамара Јованов навела лажни податоци.

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Ерасмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари.

Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била само учесник, а не и лектор.

Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата биографија, и да си препише работи кои не ги правела?

Дали сопругата на Апасиев намерно пишала дека е лектор, за да земе повеќе средства или, пак, тоа го направила неосновано да ја збогати својата биографија?

Зошто сопругата на Апасиев лаже во својата биографија?

Димитар Апасиев кој се претставува за јак правник, треба да каже дали тоа што неговата сопруга лажела во својата биографија е фалсификат или измама?

Исто така, Димитар Апасиев како политичар, кој се бори за гласови треба да каже што се тој и неговата сопруга лажат, кога лажат за една биографија?

Како може народот да му верува на Апасиев, кој пред камери едно зборува, а зад камери трупал европски пари од СДС во џеб?“, посочи Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk