logo
logo
logo

Со украдена картичка повлекле 90.000 денари од банкомат во Кочани

Vecer | 22.12.2025

Со украдена картичка повлекле 90.000 денари од банкомат во Кочани

Штипјанец од куќа во Кочани украл паричник со пари, документи и банкарска картичка, па картичката ја дал на свој сограѓанин, кој заедно со кочанчанец со неа од банкомат повлекле вкупно 90.000 денари. Сакале да земат уште пари, но банкоматот го спречил последниот обид.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип, за „кражба“ и за „соизвршителство“, а во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Против другите двајца – Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) се поднесени пријави за „соизвршителство“, во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.

На 29 октомври од куќа на лице од Кочани, првопријавениот украл паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција, кој бил неуспешен, соопшти МВР.

The post Со украдена картичка повлекле 90.000 денари од банкомат во Кочани appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk