logo
logo
logo

Со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната изнесува 26.258 денари

Vecer | 03.04.2025

Со линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната изнесува 26.258 денари

Исполнето е ветувањето за зголемување на пензиите од 5.000 денари на над 330.000 пензионери. Со исплата на мартовската пензија за 2.500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензионерите за 5.000 денари, соопштија од Владата

Со сегашното зголемување најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26.258 денари.

Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот.

Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж.

Грижата за пензионерите е наша обврска и цел.

Како Влада продолжуваме целосно посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk