logo
logo
logo

Од некогаш во плус, ЈП ВОДОВОД РУШИ РЕКОРДИ ВО ЗАГУБА, ЛАНИ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 09.04.2025

Од некогаш во плус, ЈП ВОДОВОД РУШИ РЕКОРДИ ВО ЗАГУБА, ЛАНИ 4,2 МИЛИОНИ ЕВРА

Ако некогаш работеше со голема добивка, ЈП Водовод и Канализација изминативе години тоне и руши рекорди во загуби. Минатата 2024 година ја зарвршиле со загуба во работењето од рекордни 256 милиони денари, односно околу 4,2 милиони евра.

Ова е наведено во самиот финансиски извештај на најголемото градско претпријатие за годината 2024, пренесе Фактор.

Се наведува дека порано имало и години кога добивката била околу 2 милиони евра,а од работењето на ЈП Водовод и канализација Скопје зависат и приходите на двете комунални претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“.

Кај наплатата се забележани нешто помали приходи од стопанството, а најголем дел од трошоците се остварени за платите на 1.066 работници како просечен број на вработени во 2024. Вкупните трошоци се зголемиле на 1,9 милијарди денари (31,4 милиони евра) и тие бележат раст од 10,5 отсто споредено со една година претходно.

Претходната година загубата на ЈП Водовод и канализација - Скопје изнесуваше 350.000 евра. Последен пат добивка била прикажана за 2020, тогаш од милион евра

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk