logo
logo
logo

Се поблиску до ТРЕТ ОПЕРАТОР, 4iG ПОТПИША ПИСМО ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗА БАЗНИ СТАНИЦИ во Македонија

Vecer | 09.04.2025

Се поблиску до ТРЕТ ОПЕРАТОР, 4iG ПОТПИША ПИСМО ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗА БАЗНИ СТАНИЦИ во Македонија

Групацијата 4iG, водечка телекомуникациска и ИТ-компанија во Централна и Источна Европа, објави вчера на нивната интерент страница дека потпишала необврзувачко писмо на намери (LoI) со EuroTeleSites AG.

Овој стратешки потег претставува значаен чекор во плановите на 4iG за воспоставување присуство на пазарот на телекомуникации во Македонија.

EuroTeleSites AG, независна компанија за телекомуникациска инфраструктура котирана на берзите во Виена и Будимпешта, управува со 573 мобилни базни станици во Македонија. Компанијата обезбедува инфраструктурни услуги за оператори како A1 и други во шест земји: Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија.

Овој развој доаѓа по неколку клучни чекори што 4iG веќе ги презеде во Македонија. Во септември 2024 година, компанијата потпиша Меморандум за разбирање со Владата на Македонија за поддршка на дигиталната трансформација на земјата. Дополнително, во октомври 2024 година, 4iG основа локална подружница — ONE Macedonia Telecommunications — со што ја потврди својата долгорочна посветеност кон регионот.  Пошироката стратегија на 4iG е создавање телекомуникациски оператор од нова генерација кој ќе внесе иновации и ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот.

Иако писмото на намери со EuroTeleSites претставува јасен показател за стратешките намери на 4iG да стане значаен играч на телекомуникацискиот пазар во Македонија, придонесувајќи за технолошкиот напредок и поврзаноста во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk