logo
logo
logo

Скопје падна под 500 активни на корона, ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ

Vecer | 01.06.2021

Скопје падна под 500 активни на корона, ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ

Од почетокот на пандемијата, земјава се соочи со три појаки бранови. Вкупно заболеа 155 272 лица, а починаа 5413 лица. Бројот на оздравени пациенти е 148 709, а бројот на активни случаи  е 1150

По подолго време вчера Министерството за здравство регистрираше едноцифрен број на новозаболени од Ковид-19. Податоците на Институтот за јавно здравје покажаа дека има само три нови случаи со Ковид-19 од направени 1325 тестирања.

Трите нови случаи се во Скопје, позитивно е тоа што во некои градови, како што се Демир Капија и Дојран, нема повеќе активни случаи, а во дел од градовите, бројот на активни случаи е едноцифрен.

Се намалува и бројот на починати лица. Така, за разлика од претходно, во последните 24 часа беа евидентирани само пет починати лица – по едно во Скопје, Радовиш, Тетово, Штип и Пробиштип.

Малиот број на новозаболени го намали и притисокот врз болниците во кои се лекуваат вкупно 194 пациенти и има слободни 530 кревети. Бројот на слободни кревети секојдневно се зголемува и со отписот на оздравените пациенти.

Вчера во земјава пристигнаа 11 700 дози од вакцината на „Фајзер“ од кои 7020 од директните преговори со производителот и 4680 дози од Европската Унија како помош преку трилатералните договори во рамки на програмата „Тим Европа“. Се очекува да пристигнат и околу 70 000 дози од Грција и Бугарија, најверојатно вакцини од „Астра  Зенека“.

– Оваа недела треба да дојдат 70 илјади вакцини, 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, најверојатно вакцини на „Астра Зенека“. Се уште немаме потврда за типот на вакцини, рече вчера Филипче.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68511, Активни 484

Куманово 8825, Активни 110

Прилеп 8301, Активни 58

Тетово 7212, Активни 47

Битола 6291, Активни 55

Велес 5468, Активни 21

Гостивар 5171, Активни 24

Кавадарци 5151, Активни 9

Охрид 5001, Активни 53

Штип 4959, Активни 21

Струмица 4110, Активни 41

Струга 2980, Активни 26

Кочани 2787, Активни 18

Кичево 2563, Активни 42

Гевгелија 2191, Активни 9

Неготино 2183, Активни 9

Свети Николе 1522, Активни 10

Ресен 1234, Активни 12

Крива Паланка 1219, Активни 3

Радовиш 1158, Активни 29

Берово 1029, Активни 3

Делчево 971, Активни 9

Дебар 940, Активни 1

Виница 881, Активни 18

Пробиштип 789, Активни 3

Валандово 666, Активни 1

Богданци 494, Активни 2

Крушево 490, Активни 5

Демир Хисар 397, Активни 4

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 374, Активни 13

Македонски Брод 359, Активни 3

Пехчево 268, Активни 1

Македонска Каменица 249, Активни 6

Дојран 132, Активни 0

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk