logo
logo
logo

СКАНДАЛОЗНА порака на Заев до активистите на Левица: „Да си посетите после психијатар“

Vecer | 11.10.2021

СКАНДАЛОЗНА порака на Заев до активистите на Левица: „Да си посетите после психијатар“

Голем скандал се случи за време на одбележувањето на големиот празник 11 октомври – Денот на народното востание во Прилеп.

11 активисти облечени во маици со обележје на политичката партија Левица го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња, додека обезбедувањето воопшто не ги тргна од местото. Скандалот се случи во моментот кога премиерот Зоран Заев положуваше цвеќе заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Зоки немаш лице да се појавиш овде, освен по странските држави. Славете си празник во Бугарија. Ова не е ваша територија“, зборуваше еден од активистите додека Заев се поклонуваше пред споменикот.

Во еден момент, премиерот одговори на провокацијата на активистот и му рече:

„Да си посетите после психијатар“, му рече Заев на активностот по што овој му предложи да одат заедно на преглед. Обезбедувањето на шефот на владата остана смирено и не дозволи да поголем инцидент, па страстите се смирија веднаш по заминувањето на делегацијата.

Ова се случуваше пред да се одржат обраќањата на претседателот Пендаровскии, на Круме Соколоски од прилепскиот Сојуз на борци и на градоначалникот Илија Јованоски.

Во криптата на Могилата на непобедените се моштите на 462-јца прилепски борци од вкупно 650-те што ги дал Прилеп.

Скандалот се случи во 4:21  минута од видеото.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ZYCTtEjo828&t=263s[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk