logo
logo
logo

Сијарто: МАКЕДОНИЈА ЌЕ БЕШЕ ДЕЛ ОД ЕУ, ако се прашуваше Унгарија

Vecer | 12.05.2021

Сијарто: МАКЕДОНИЈА ЌЕ БЕШЕ ДЕЛ ОД ЕУ, ако се прашуваше Унгарија

Не би сакал да го споредувам унгарскиот став со било чиј друг став. Ставот на унгарската влада е дека со Република  Македонија веднаш, значи денес, најдоцна утре, мора да се започнат преговорите за зачленувањето, вели унгарскиот министер Петер Сијарто при денешната посета на Македонија.

Сијарто потенцираше дека доколку се прашувала Унгарија   Македонија многу брзо ќе станеше членка на Европската унија.

Според него, ЕУ не може да биде комплетна без државите од Западен Балкан.

Инаку, еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји, кој доаѓа од иста политичка структура како и Сирјато, деновиве истакна дека доколку Македонија не го реши спорот со Бугарија можно е одвојување на земјава од пакетот со Албанија, која, исто така, чека старт на преговорите со Унијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk