logo
logo
logo

Корупцијата на најјако

Сега ДУИ ЌЕ ТРЕНИРА МАГАРИЊА и открива нови пици во ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

Vecer | 22.01.2022

Сега ДУИ ЌЕ ТРЕНИРА МАГАРИЊА и открива нови пици во ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ

Фондот за иновации, државна институција која последниве години со власта на СДСМ/ДУИ е постојано извор на финансиски скандали во јавноста и перцепирана како извор за нелегално финансисрање на партиска пропаганда и партиски активисти продолжува со работа, сега раководена од Фестим Халили, кадар на ДУИ.

Со овој Фонд прво раководеше Јован Деспотовски, прозиван од јавноста заради плаќање на износи од по 200-300.000 евра на партиски новинари, партиски медиуми, “невладини организации“, тренинзи на магариња, фризерски салони кои вршат стручна едукација...

По него директор стана Коста Петров, човек од тимот за пропаганда на премиерот Зоран Заев кој продолжи со истите финансиски манипулации со државни пари,  а сега директор на Фондот за иновации со буџет од дваесетина милиони евра ќе биде Фестим Халили, кадар од ДУИ кој и претходно вршеше повеќе владини функции вклучувајќи и вицепремиерската на само 26 годишна возраст.

Кој е новиот менџаер на партискиот “Црн фонд“ за иновации?

ДУИ за прв пат ќе раководи со Фондот за иновации преку Фестим Халили и практично ќе управува со сите економски сектори и институции во Владата, вклучувајќи го Министерството за економија и Министерството за финансии, а единствено Фатмир Битиќи од СДСМ ќе остане на позицијата заменик на премиерот за економски прашања.

Халили во 2016 година кога се избираше техничката пржинска влада беше едно од кадровските решенија како заменик-министер и вицепремиер на Али Ахмети, односно дел од владиниот тим на млади кадри на ДУИ, од кои ниту еден претходно не беше на висока државна позиција.

Исто така беше директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и на Националната радиодифузија, на сите работни места го следат загуби и скандали.

Тој е роден во Тетово во 1984 година. Работел како доцент на природно-математички факултет на отсекот информатички науки. Докторирал во 2014 година во Лондон и Тирана. Работел како ИТ експерт во повеќе институции, а добил и признание за Млад научник на годината од ФРИ 2013 во година.

Во првата објава на Фејсбук - на албански јазик - му упати благодарност на лидерот Али Ахмети за укажаната доверба.

„Ќе се насочиме кон отворањето на оваа институција, на рамноправен начин за сите млади луѓе и истражувачи кои имаат потенцијални и иновативни идеи за развој и напредок на нашето општество и земја“, порача Халили. Албанците разбраа што најавува, но Македонците не разбраа текст пишуван на јазик кој не им е познат, иако во државата македонскиот е службен јазик, а Фестим Халили стана функционер на македонска државна институција.

Халили според усвоениот буџет за 2022 година на располагање во Фондот за иновации и технолошки развој ќе има вкупно 18,7 милиони евра. Според планот на Владата за поддршка на компаниите ФИТР годинава ќе управува со четири финансиски инструменти.

Проекти кои се планираат да се реализираат во 2022 година се утврдени во владините програми, меѓу кои за исплата на финансиска поддршка на инвестиции кон домашните компании, исплата на државна помош кон странските инвеститори во слободните ТИРЗ зони, поддршка на активности за мали и средни претпријатија, реализација на проект Глобален заеднички фонд за целите за одржлив развој, зелени финансии за чист воздух и ублажување на последиците од Ковид-19 кризата, како и финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија преку четирите инструменти за поддршка во рамките на Фондот за иновации и технолошкиразвој.

Иако вкупниот буџет на ФИТР според расходите е помал од претходните две години, сепак во планирањето на буџетот се предвидени поголем број на склучени договори.

Во претходната година дел од поддржаните проекти наидоа на потсмев на јавноста за „иновациите“ како рецепт за пица, согласно искуството со функционерите на ДУИ од други сектори, од Пошта до Министертво за Култура се очекувааат нови скандали во Фондот за иновации и поделба на државни пари со смешни формулации но, со многу сериозни износи на финасии. Скоро 20 милиони евра јавни, државни пари, ќе заминат надвор од сериозна контрола, а за партиски потреби на ДУИ и СДСМ

ФИТР засега нема објавено програма за работа за 2022 година и како планира да ги поддржи иновациите.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk