logo
logo
logo

Седум лица ќе одговараат меѓу кои и ексдиректорка на Центарот за социјални работи во Тетово, со лажен исказ и дале надомест заради попреченост

Vecer | 18.12.2025

Седум лица ќе одговараат меѓу кои и ексдиректорка на Центарот за социјални работи во Тетово, со лажен исказ и дале надомест заради попреченост

Kривична пријава е поднесена против поранешна директорка и против вработени во Центарот за социјални работи во Тетово, како и три лица од Боговиње поради злоупотреби при остварување на право на надомест заради попреченост, соопшти полицијата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(46) од Тетово, вработен како раководител на сектор во Јавна установа Центар за социјални работи – Тетово и В.А.(49) од Тетово, директор во установата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Ќ.Б.Д.(34) од Тетово, стручен соработник, и А.Љ.(40) од Тетово, социјален работник во установата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против М.Н.(57), Ш.С.(52) и А.Ф.(54), сите од селото Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа“ и „давање лажен исказ“.

Во текот на 2024 година, првопријавениот изготвил и донел позитивни решенија за остварување право на надомест заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, на име на петто и шестопријавената, за кои претходно не била извршена соодветна проверка. Второпријавената како директор потпишала и донела позитивно решение по истиот основ на име на седмопријавената.

Трето и четвртопријавените, кои ги воделе постапките за лицата, не извршиле непосреден увид во домаќинството на корисникот, додека петто, шесто и седмопријавената во постапката пред надлежен орган – ЈУМЦСР Тетово, поднеле барања со давање лажен исказ дека истите ги исполнуваат условите за остварување на правото на надомест за попреченост на лице со најтешка телесна попреченост. Тие приложиле и фалсификувана службена исправа – конзилијарно мислење, за што по извршените проверки констатирано е дека наведените лица воопшто немале закажан термин.

The post Седум лица ќе одговараат меѓу кои и ексдиректорка на Центарот за социјални работи во Тетово, со лажен исказ и дале надомест заради попреченост appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk