На социјалните мрежи се појави видео која ја докажува поврзаноста на власта со турскиот криминалец Седат Пекер, кој патем поседува македонски документи. Откако беа објавени фотографии каде тој е во друштво на кандидати за пратеници од СДСМ, потоа со бизнисмени, сега има видео во кое се гледа како Пекер се вози низ земјава со полициска придружба и владина делегација.
Во стилот на ВИП гостин за турскиот криминалец беа пуштени и полициските ротациони светла за колоната да не се задржува беспотребно на патот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата